Свет
29. February 2016 - 21:41

Се урна руски авион Су-35, пилотот загина

Руски воен авион Су-35 се урна вечерва во јужниот регион Ставропол, при што загина пилотот, соопшти руското Министерство за одбрана.

Несреќата се случила за време на обучувачки лет.

Авионот не носел оружје и се урнал во ненаселена област.

Во рамки на Министерството за одбрана е формирана специјална комисија која ќе ги истражи причините за несреќата.