Свет
14. April 2019 - 11:06

Се тресеа Хаваите: Поради земјотрес над 3.000 граѓани останаа без струја

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди западниот дел од хавајскиот Голем Остров, соопшти утрово американскиот геолошки завод.

Земјотресот се случил на околу 24 километри југозападно од градот Каилуа- Кона, во кој живеат околу 12.000 луѓе, и на длабочина од 16 килметри, пренесе агенцијата АП.

Околу 3.300 потрошувачи во местото Ваиколоа останаа без струја, а работниците на терен работат на подигнување на електричната мрежа.

Не е издадено предупредување за цунами, а американскиот геолошки завод прими, како што се наведува 894 повици поради потресот.