Македонија
14. October 2024 - 21:19

Се толерираат ли нестручни кадри во здравствениот систем?

Пропусти во лекувањето кај 14 месечното бебе има но какви мерки ќе преземе министерството ќе зависи од заклучокот на Лекарската комора. Етичката комисија ќе треба да даде извештај и мислење за тоа каде и каков пропуст направиле лекарите по што одлуката за одговорност ќе треба да ја донесе министерот за здравство.

- Лекарската комора со загриженост го следи настанот и изразуваме сочувство до семејството. Во однос на активностите што ќе ги преземе, засега може да кажеме дека откако ќе го добиеме извештајот тој ќе биде разгледан на етичка комисија за стручен надзор на Комората по што ќе може да дадеме поконкретен став. Постапката за понатамошна процедура зависи од барањето на МЗ.

Системот потфрла поради грешки кои се прават уште при првото јавување на лекар. Несоодветни нестручни кадри се толерираат во здравството сметаат од фелата.

Претседателката на здружението на приватни лекари вели  примарното здравство е клучно кога е во прашање соодветно дијагностицирање кај пациентот а се почесто недостасува соодветна грижа, добра анамнеза и емпатија која се должни лекарите да им ја пружат на пациентите. Грешките потоа се поради нестручност и немање соодветна апаратура кога им е најпотребна на пациентите.

Дервишова апелира дека се потребни сериозни реформи во здравствениот систем.