Балкан
20. August 2016 - 12:03

Се судрија автомобил и градски автобус - Едно лице почина, петтмина повредени

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајка помеѓу автомобил и градски автобус која се случи утринава во Нов Белград. Во сообраќајката потешко се повредени пет патници во автобусот.

Сите веднаш се префрлени во Ургентниот центар, а возачот на автомобилот, маж на возраст од околу 50 години, починал на пат кон болницата.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.