Балкан
5. May 2016 - 10:10

Се става крај на драмата за Јелена: Пука фасадата на семејството Марјановиќ

Помина еден месец од бруталното убиство на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ кое го згрози и запрепасти регионот. Еден месец не се знае кој е убиецот на пејачката кој брутално ја уби со 30 удари од дрвена палка.

Како што дознава српскиот Ало, сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ, е во тешки психички кризи и пие седативи. Извор близок до семејството открива дека Зоран постојано нешто блада, делува како непто да крие и живее на лекови.

- Постојано вели дека не може да го трпи притисокот. Се што му дава сила се само синчето од првиот брак и неговата ќеркичка Јана за која мора да биде силен, вели изворот и додава дека малата ќерка на јелена постојано ја бара мајка си и знае дека нешто не е во ред.

Стручните лица и психолози за Ало велат дека оваа појава не е необична во вакви случаи.

- Тоа се нарекува психичка криза или пукање на фасадата. Најслабата карика прва пука под притисок и прозборува се, велат тие.

Полицијата досега веќе информираше дека убиството го извршил психопат кој ги знаел сите навики на Јелена.