Македонија
12. July 2018 - 16:26

Се слушаа бомби на судењето за „Траекторија“

И  денешното рочиште за предметот Tраекторија, продолжи со презентација на прислушувани телефонски разговори со кои СЈО тврди дека била избрана фирма со поскапа понуда за изградна на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.

Според обвинителството кинеската компанија CWE наводно дала пониска понуда која намерно била сокриена.

Според одбраната пак со телефонските разговори се докажува спротивното, односно дека таква понуда не постои. Компанијата CWE упатила само писмо, а не понуда и тоа дури 23 дена подоцна, со повисоки цени од избраната комапнија Синохидро.

Доколку била прифатена оваа компанија, според одбраната ќе бил нарушен принципот на рамноправност и конкурентност на двете комании.

Доказната постапка за предметот траекторија продолжува на 4 септември.