Џет-Сет
19. July 2016 - 10:48

Се сеќавате на малиот Неца од „Среќни луѓе“ – Еве како изгледа денес и што прави

Многумина се сеќаваат на познатата серија „Среќни луѓе“, како и на урнебесните ликови кои нè смееја. Популарната серија ја одбележа ликот на детето Неца на кого најдобар другар му беше кучето Симо.

Ликот на Небојша Голубовиќ Неца го играше Јанко Миливојевиќ, кој својот пат не го продолжи во актерството.

Јанко (30) е вклучен во семеен бизнис, работи во галерија и транспортира уметнички слики ширум светот, а пред две години стана и татко на девојче.

janko

Иако снимал три години, денес тој има трема од камерите и повеќе ја сака работата со која се занимава отколку глумата.

Тој вели дека популарноста која ја стекнал како дете не му значела во животот, но подоцна финансиски му се исплатила.