Научи да зборува, да вози скутер, сама да се облекува и да ја намести масата. Се дружи со деца и често шета. Секако, тим експерти ја продолжува работата со неа.
Во центарот за социјална работа во весела атмосфера се прослави нејзиниот роденден.
„Учествуваше во сите игри и им се радуваше на подароците“, наведоа од таму.
Да потсетиме, кога е пронајдена мајката на девојчето, освен што тврдеше дека детето го растела во добри услови, кажа и дека „не знаеш што се случило со станот“.
„Не ме пуштија да си ја видам својата ќерка. Незнам што се случило со станот. Ме уапсија во близина на зградата“, изјави Ирина која е факултетски образована жена, како што се истакнува. Тврди дека девојчето знае да зборува и комуницира.
Целиот случај е откриен кога соседите повикале полиција зошто девојчето постојано плачело.