Џет-Сет
29. September 2015 - 23:39

Се самоуби девојката на Џим Кери, еве што му порача

„Се исклучувам од Твитер. Се надевам дека бев светлина во животите на своите најблиски“, напишала во последната порака на својот Твитер профил 28-годишната Катриона Вајт со што ја најавила својата смрт. 

0929-carrey-cathorina-fame-7

Џим Кери и неговата бивша девојка биле заедно од летото 2012 година па се до март 2013 година, а врската ја обновиле во мај годинава. Двојката раскинала на 24 септември, а само после пет дена Катриона е пронајдена мртва во својата куќа во Лос Анџелес.

Според досегашните наводи се верува дека Катриона умрела од предозирање со дрога. Полицијата соопштила дека станува збор за самоубиство.

2CE7268900000578-3253642-image-a-10 1443539672297

Катриона ја пронашле двајца пријатели кои отишле да проверат што се случува со неа откако долго не им се јавувала.

Како што се наведува, оставила проштална порака до Кери: „Глупав и поглупав“.