Се проверуваат обвинувањата на Курдите за употреба на хемиско оружје во Сирија
Стручњаци на Организацијата за забрана на употребата на хемиско оружје (OPCW) соопштија дека ги проверуваат наводите на курдските сили дека Турција при офанзивата на североистокот од Сирија употребувале хемиско оружје.
„Стручњаците работат на утврдување на веродостојноста на наводите за ситуацијата на северот од Сирија“, се наведува во соопштението во кое не се вели дека е отворена истрага, туку само дека се надгледува ситуацијата.
Курдските власти во Сирија на 17 октомври ја обвинија Турција дека користи неконвенционално оружје, каков што е белиот фосфор и напалмот, во офанзивата на североистокот на земјата.
Француските медиуми тогаш пренесоа дека обвинувањата на сметка на турските и протурските сили не се проверени од независни извори.
Опозцискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права, што има широка мрежа на извори на теренот, не ја потврди употребата на таков вид оружје. Меѓутоа, Центарот наведе дека во тој дел од земјата има многумина повредени со изгореници и дека тие се префрлени во болницата во Тал Тамра.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците