Бизнис
19. April 2021 - 16:48

Се повеќе граѓани плаќаат дополнително здравствено осигурување за во приватните клиники

Значителен пад од 30 до над 40% бележи патничкото осигурување, како и продажбата на зелениот картон. Расте животното, дополнителното здравствено, и имотното осигурување. Корона пандемијата, затворените граници и ограниченото движење на граѓаните ги смени приоритетите кај населението. Според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, минатата година биле продадени полиси вредни скоро 164 милиони евра. Најмногу пари се плаќале за дополнителното здравствено осигурување - дури 4,5 милиони евра, што е за 45 осто повеќе од 2019та година.

Лани осигурителните компании исплатиле 65 милиони евра за обештетување. Меѓу највисоките суми се за штети од имот, дури 382,000 евра, за обештетување од пожар -  282.000 евра од задолжителната автомобилска одговорност 219,500 евра, каско осигурување - 94 илјади евра, додека за покритие од зелен картон дури 221,000 евра.

Трендот, според Шајновски е да се зголеми квалитетот на сервисирање на обврските од страна на осигурителните компании и да се намали времето парите побрзо да стигнат до оштетените. Така, сега за обештетување од неспорни штети до 35.000 денари граѓаните чекаат најмногу 14 дена. Такви, според Агенцијата се речиси 80% од полисите.