Македонија
2. December 2020 - 21:21

Се откажа ли Владата од предвременото пензионирање?

Пропадна ли идејата за предверемено пензионирање? Иако како еден од првите проекти владата најавуваше дека мажите ќе можат да одат во пензија на 59 години, а жените на 57 со 15  години работен стаж, со новиот предлог закон кој е во собраниска процедура тоа не се предвидува.

Во законот  стои само дека во пензија ќе може да се оди со полни 64 години и 15 години стаж. Жените ќе можат да се пензионираат и со 62 со претходно поднесена молба.

Со исклучок на сите други работици во земјава оние во здравството и во високото образование ќе имаат можност  да продолжат на работа и до 67.

Од пратеничката група на СДСМ пак за Сител  посочија дека во моментов предвременото  пензионирање во предлог законот  го нема, но владата  ќе може да го додаде во тесктот.

Идејата за предвремено пензионирање  во август годинава ја објави премиерот Заев. Предлогот беше сите оние кои ќе прифатат да заминат  со 57 односно со 59 години во пензија или да си го докупат стажот или да добијат пониски пензии.

Од ССМ тогаш посочија дека за нив како синдикат  е прифатлив предлогот. Од приватниот сектор побараа за да не додје до недостаток на кадар до кои и онака тешко доагаѓаат да се остави простор работникот и работодавецот самите да се договорат.

Новото законоско решение треба да стартува од први јанаури.

Во земјава во моментов има над 300 илјади  пензионери.