Живот
3. November 2015 - 15:34

Се отели крава: Пола теле - пола прасе!

Пред неколку денови семејство од БиХ остана без зборови кога неговата крава на свет донесе суштество кое личи на теле, но и на свиња.

-Се запрепастивме. Со нетрпение чекавме кравата да се отели. Покрај неа лежеше суштество со глава и тело на теле, додека устата, очите и опашката му се како на свиња. Сите се уплашивме. Суштеството го заклавме и го закопавме во земја, изјави сопственикот на кравата за босанските медиуми. Инаку ветеринарите вештачки ја оплодиле кравата.