Балкан
16. January 2018 - 13:01

Се огласи и сестрата на убиениот Оливер Ивановиќ: Кажала само една тешка реченица

Сестрата на убиениот лидер на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, Наташа Ивановиќ, немала сили да зборува за трагедијата која утрово се случила.

- Верувајте ми дека денес немам сила да зборувам. Разберете ја болката на сестрата - рекла сестрата на Ивановиќ.

Потсетуваме, лидерот на Граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ убиен е денеска пред просториите на партијата.

По тој повод делегацијата на Србија во Брисел ги прекинала преговорите, а претседателот на Србија за попладнево закажа итна седница на Советот за национална безбедност.