СЕ ИЛИ НЕШТО
За пријавување за учество во квизот Се или нешто пополнете го прашалникот на оваа страница подолу. Одговорете на сите прашања.
Снимањата се од 12 до 18 часот во работни денови (не секој работен ден). Треба да доаѓате вкупно 8 работни дена во период од 3 до најмногу 4 недели.
Снимањата се одвиваат според продукцискиот распоред на ТВ Сител.
Гeјм шоуто “Се или нешто” се работи по формат на EndemolShine, се емитува од понеделник до петок во 18 часот.
За учество во квизот пријавете се на: seilinesto@sitel.com.mk
Ова е најпознатиот ТВ формат кој се емитува или се емитувал во повеќе од 80 земји во светот.
Играта е едноставна. Секојдневно еден од 22 натпреварувачи се обидува да дојде до милион денари во битката со Банкарот.
Неговата игра започнува со отворање на првите 5 кутии во кои се кријат суми од 1 денар до милион денари.
Останатите 21 натпреварувач го бодрат и ја следат играта на натпреварувачот кој секој ден бил со нив за да може да го победи Банкарот.
По првиот круг од отворање на 5 кутии, следува понуда на Банкарот, која натпреварувачот може да ја одбие или прифати.
Ако продолжи понатаму следува круг од отвотрање на 3 кутии во неколку рунди се додека натпреварувачот не се откаже или не ја прифати понудата на Банкарот.
Натпреварувачот може да остане да игра до крајот со кутијата која по случаен пат ја избрал пред почетокот на емисијата.
Водител: Лила Стојановска
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците