Се гради мост што ги поврзува селата Главовица и Цера
Во високиот дел на Осоговијата, на реката Масалница се градат два моста кои ги поврзуваат селата Главовица и Цера, односно општините Кочани и Македонска Каменица.
– Мостовите се комбинација од армирано-бетонска и челична конструкција со крилни ѕидови од двете страни на поголемиот мост, во должина од 4 метри. Подолгиот мост, чијшто распон е 8 метра, е над реката Масалница, а пократкиот над Суводолица, односно над помал воден тек. Нивната ширина е 2,7 метри. На подолгиот мост е предвиден бетонски праг како заштита од поткопување на столбовите, информира Драги Илијевски, раководител на Одделението за уредување на градежното земјиште во општина Кочани.
Мостовите,појасни, ќе имаат заштитна ограда и преодни рампи и ќе бидат од особено значење за живтот на жителите кои останаа да живеат во овие планински села на Осоговијата
За изградбата на мостовите се наменети 1,22 милиони денари од буџетот на општина Кочани, а изведувач на работите е „Урбан градба Манолчо“ ДООЕЛ од Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Нано Ружин, поранешен амбасадор
-
Тензично рочиште за несреќата кај Ласкарци
-
Пропаѓа ли прилепската чаршија?
-
Ескалација на изјавите и потезите од официјална Софија по инцидентот во Охрид
-
Власта смета дека реакциите се непропорционални, за Џамбаски траат безбедносните проценки
-
Мицкоски: Бугарија ги носи односите во правец на студена војна
-
Евроамбасадорот Гир ги осуди изјавите на Џамбаски
-
Ахмети ги враќа темите од конфликтот во 2001ва, опозицијата го прашува како заработил милиони