Македонија
16. October 2015 - 15:48

Се чисти речното корито на Злетовска река

Општина Чешиново Облешево започна со активностите за чистење на речните корита во општината, предвидени со акциониот план на Владата за читење на каналите и речните корита.

 
-Започнавме со активностите за чистење на коритото на Злетовска река кај село Уларци. Ке се чисти реката од влезот во селото до мостот кај магистралниот пат А3 Штип-Кочани, каде што наносите на дрвја и земја се најголеми,  изјави градоначалникот на општина Чешиново Облешево Костадин Личков.
 
Речното корито ќе го чисти компанијата „Дебони“ Дооел од Скопје, а според распоредот ќе се чисти коритото на Кочанска река која поминува низ атарот на Облешевски. За оваа намена  безбедени се 10.000 литри нафта, информираат од општината.
 
Со чистењето на овие речни корита предвидено е да биде отстранета вегетацијата од водотеците, како и отстранување на наталожениот материјал  и формирање на насипи покрај бреговите на овие две реки.
 
И општина Зрновци започна со чистењето на коритото на река Брегалница во атарот на општината. Останува за чистење мал дел од Зрновска река која поминува низ плодното зрновски поле.