Се чекаат одлуките за барањата за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација
Во Апелација се уште не се соопштува одлуката по барањето за изземање на судечкиот совет кој треба да одлучи по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес.
Иако беше најавено дека во 13 часот ќе продолжи јавната седница на која ќе биде соопштена одлуката по барањето за изземање на судечкиот совет, предмалку портпаролот на Апелацискиот суд Сафет Кадриу информира дека ја чекаат одлуката од Врховниот суд за барањето за изземање и на в.д. претседателката на Апелација Лидија Димчевска.
Адвокатите на обвинетите денеска поднесоа барање за изземање на Судечкиот совет и на в.д. претседателката на Апелација Лидија Димчевска.
На почетокот на денешната јавна седница тие побараа и одложување на седницата со образложение дека мора да одат на други судења кои се приоритетни бидејќи станува збор за притворски предмети. Судечкиот совет во Апелација не го прифати ваквото барање на адвокатите.
За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност