Се чека согласност за вакцините на „Фајзер“ да стигнат од Србија
Премиерот Зоран Заев соопшти дека денеска контактирал со премиерката на Србија Ана Брнабиќ, и упатил и втора молба до „Фајзер“ Њујорк за согласност да се извезат од Србија вакцините кои ни се дадени, а и Владата, рече, ургира преку Министерството за здравство и верува дека ќе биде одобрено.
Вакцините што ни ги отстапува Србија би требало да стигнат најбрзо и пред другите (од трите механизми) и, според Заев, тие ќе бидат доволни за здравствените работници кои работат во КОВИД-центрите.
-Тоа се 7850, колку што ги наградивме во декември. Верувам дека колку и да се значајни клаузулите во договорите на „Фајзер“ со Србија и на „Фајзер“ со сите други земји, може во предвечерието на добивање на нашите вакцини да ни дадат согласност час поскоро да стигнат вакцините од Србија, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Стајковци, на настан по повод изградба на училишна спортска сала.
Во средината или втората половина на февруари, посочи премиерот, се очекуваат да стигнат и првите дози од вакцините за кои склучивме договор директно со производителот „Фајзер“.
До крајот на неделата се очекува, како што рече, прецизен и директен одговор кога се очекуваат вакцините од КОВАКС-механизмот на Светската здравствена организација, а исто така се очекува и известување од Европската комисија за распределбата на одредени количини вакцини од земјите на ЕУ, т.е. од третиот, солидарен механизам.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација