Македонија
14. March 2018 - 8:58

Се бира претседател на скопска Апелација

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница треба да избере претседател на Апелација, заедно со претседател на Основниот суд Дебар.

Како што е објавено на веб страницата на Советот, треба да се изберат претседателите кои ќе седнат во претседателски фотелји, а претходно Советот треба да ги усвои конечните ранг-листи на кандидатите за претседатели на овие два суда. На седницата ќе бидат разгледани и пет барањa за поведување на постапка за утврдување на одговорност за судија.