Македонија
24. August 2017 - 18:24

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, бруто и нето платата не се намалуваат

СДСМ денеска соопшти дека бруто и нето платата не се намалуваат, а ВМРО-ДПМНЕ креира лажни вести за да ги прикрие штетите направени со промашените економски политики кои ги спроведуваше 11 години.

- Лага е дека се намалуваат бруто и нето просечната плата. Вистината е дека има зголемување и на бруто и на нето просечната плата во јуни 2017 во однос на јуни 2016 година заради зголемувањето на исплатената просечна месечна плата по вработен во дејностите уметност, забава и рекреација, стручни, научни и технички дејности, рударство, вадење камен, наведува СДСМ. 

Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ е толку очајна што ги игнорира релевантните вистинити информации од државните институции и пласира лажни вести.