СДСМ: Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорни економски мерки за помош на работниците
Владата предводена од СДСМ активно и посветено работи на реализација на навремени и ефикасни економски политики за поддршка на стопанството и работниците.
Во тек е реализацијата на кредитна линија за бескаматни кредити со грант компонентата „Ковид 3“, која се спроведува со финансиската поддршка на Европската Унија.
Вкупниот буџет за оваа кредитна линија за бескаматни кредити кои се реализираат преку Развојна банка изнесува 31 милион евра.
Оваа мерка се реализира со одлично темпо, досега, одобрени се 2.583 кредитни барања во износ од 29,3 милиони евра, од кои 1.368 кредитни барања се од мали компании, 999 се од микро компании, 164 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 52 се од занаетчии.
Овие финансиски средства се директна помош во македонската економија во справувањето со последиците од пандемијата и зајакнување на малите и микро компании, занаетчиите и самостојните вршители на дејност.
СДСМ како одговорна партија насочена кон интересите на граѓаните и стопанството останува посветена на реализација на одговорни економски политики што го помагаат домашното производство и обезбедуваат услови за брз економски раст.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар