СДСМ: Продолжуваат покачувањата на платите во здравството
Владата предводена од СДСМ во изминатите три години со значителни инвестиции, во човечкиот капитал, опрема и подобрување на условите во установите го зајакна здравствениот систем.
Санирањето на хаосот наследен во здравството по 11-годишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, се покажа како клучен фактор за добро менаџирање на најголемата здравствена криза досега.
Додека ВМРО-ДПМНЕ го погазуваше трудот на здравствените работници, СДСМ за три години во четири наврати ги зголеми платите во здравството.
Основната плата на лекарите специјалисти ја покачивме за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на сестрите што работат на клиниките, за 5% на здравствени соработници и на помошно-техничкиот персонал.
Истовремено со покачување на платите за 4 до 5 пати се зголемени коефициентите за дежурства на здравствените работници, а за 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија.
Покачувањата на платите во здравството продолжуваат. Веќе во следната година следува покачување на платите за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес, преку зголемување од 10 отсто секоја година.
Дополнително, за трудот и пожртвуваноста ќе бидат наградени сите здравствени работници, вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот, со вкупно 54 милиони денари, обезбедени со ребалансот на буџетот за 2020 година.
Влогот во здравствените работници е влог во здравјето на граѓаните.
СДСМ како одговорна партија и во време на пандемија вложува и ја унапредува здравствената заштита.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово