СДСМ: Мицкоски не е кадарен да води партија, ниту профил на Фејсбук
Христијан Мицкоски веќе неколку години по ред покажува екстремно ниско ниво на јавна комуникација со граѓаните и гласачите.
Човечкиот и политички профил на Христијан Мицкоски деновиве секому му се разјасни токму преку неговиот Фејсбук профил.
Очигледно е дека на Мицкоски не му е доволно тоа што е послушник на Никола Груевски. Не му се доволни блокадите, поткопувањето на здравствениот систем, пироманските деструкции.
Не му се доволни ниту релевантни европски истражувања кои го посочија како извор на лажни вести.
Политичкиот пироман Мицкоски упорно тера надолу, однесувајќи се како обичен трол што дели пцовки на интернет. Толку може, толкав му е капацитетот.
Прашање е само од која плажа пишува вулгаризми.
Некој што не може да прифати критика, не е кадарен за политичка функција, а не пак за позиција која подразбира носење одговорни одлуки.
Мицкоски не е кадарен да води партија, не е кадарен ниту да води профил на Фејсбук.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени