Македонија
21. November 2019 - 14:45

СДСМ: Мицкоски да каже кого лаже за Договорот со Бугарија, граѓаните или Борисов

Дебаклот на Мицкоски не може да се покрие

За само две минути Мицкоски вчера го потврди своето лицемерие и лажен патриотизам. Иако дома се противеше на Договорот за добрососедство со Република Бугарија, Мицкоски вчера рече дека Договорот е добар и дека го поддржува.

Мицкоски едно зборува пред граѓаните, друго надвор од државата.

Сега повторно Мицкоски вели дека не е точно тоа што му го кажал на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Затоа Мицксоки треба да каже, кого лажел досега, граѓаните кои ги убедуваше дека Договорот не е добар или премиерот на Бугарија Бојко Борисов на кого му кажа дека го поддржува Договорот?