Македонија
4. December 2021 - 10:46

СДСМ: Данела спречи вработување на 20 пожарникари во Скопје во време кога се неопходни

Данела Арсовска работи против интересите на Градот Скопје и на граѓаните.

Арсовска, заради лични каприци поништи јавен оглас кој беше на крајот од процедурите и со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Иако е евидентен недостигот на пожарникари во Град Скопје, деструктивната Арсовска го спречи вработувањето на пожарникарите, со што ја загрозува општата безбедност на градот и граѓаните.

Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите.

Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а беше инвестирано во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите.

Данела Арсовска пред граѓаните го разоткрива своето режимско лице и покажува дека работи исклучиво за лични и партиски цели.

 

СДСМ– Центар за комуникации со јавноста