Џет-Сет
4. April 2016 - 13:40

Саша Поповиќ целиот во солзи - Ова е ненадоместлива загуба, пред се за семејството

По повод трагичната смрт на пејачката Јелена која беше пронајдена мртва во канал во локви крв, откако претходно беше пријавена како исчезната, се огласи и Саша Поповиќ. Тој изјави дека е потресен и не може да верува што се случило.
 
- Длабоко сум потресен. Зарем нашата Јеца веќе не е со нас?!, рече тој за пејачката на неговата продукција.
 
Додава дека се до моментот кога од српското Министерство за внатрешни не објавија дека е мртва, тој се надевал на најдоброто. 
 
- Ова е ненадоместлива загуба, пред се за семејството, а потоа и за нас пријателите и колегите на Јеца, вели тој.
 
Инаку, во потрагата во последните 20 часа додека да се најде телото, беа вклучени голем број полицајци, кои пребараа се од куќите до гробиштата и улиците, полициски кучиња, како и нејзините роднини и пријатели. Таа зад себе ја остави петгодишната ќеркичка