Македонија

Сарацин во официјална посета на земјава, ќе има средба со Маричиќ

Специјалниот пратеник на Сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин утре ќе престојува во официјална посета на земјава и ќе оствари средба со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), по средбата на која во фокусот ќе бидат францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, како и состојбите во регионот, Сарацин и Маричиќ ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

-По денешната посета на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин ќе биде четври европски функционер, во последните три денови, кој доаѓа во овие клучни и историски момент да даде поддршка на францускиот предлог за почеток на преговорите со Европската Унија и да ги потврди уште еднаш македонските позиции, наведува СЕП.

Секретаријатот информира дека е планирано Сарацин да се сретне и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.