Сара има 26 години, а изгледа како баба: Сите занемуваат кога ќе се соблече, но таа има една моќна порака
Сара Гертс е манекенка со единствен изглед. Нејзе на 10 години и е дијагностицирано ретко нарушување на врзното ткиво поради што телото не и произведува колаген. Поради болеста, Ехлер-Данлос синдром, телото и е сосема набрано поради што и изгледа доста постаро.
-Секоја несовршеност која ја имате всушност ве отсликува вас и вашата животна приказна, сите страдања и сиот пат што сте го поминале, вели Сара на која и требале многу години самата да го разбере тоа. Во 23. година се помирила со своето тело и го засакала. Со моделингот им покажува на луѓето дека се убави без оглед на несовршеноста.
-Сакам да им порачам на сите што се борат со овој синдром, но и со сите останати, дека сте убави такви какви што сте и можете да го постигнете сето она за што сонувате, без оглед на се, рече оваа девојка.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност