Македонија
17. November 2019 - 12:00

Санкционирани 80 возачи во Скопје за брзо возење

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на 16.11.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 17 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 25 останати прекршоци, за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на 16/17.11.2019 во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведе и акциска контрола за откривање на возачикои управувале со возила под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 12 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 26 останати прекршоци, за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.