Македонија
23. July 2021 - 21:37

Санкционирани 52 возачи поради пребрзо возење на територијата на Крива Паланка

Спроведена засилена акциска контрола на подрачјето на Крива Паланка, денеска во периодот од 12 до 18 часот, при што се санкционирани 52 возачи поради брзо возење, информираат од МВР.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.