Македонија
16. November 2019 - 11:18

Санкционирани 37 возачи кои возеле побрзо од дозволеното

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на 15.11.2019 во периото од 06.00 до 24.00 часот, спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 37 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 17 останати прекршоци, за кои се издадени седум мандатни платни налози и 10 прекршочни платни налози.