Македонија
21. January 2020 - 11:03

Самостојна изложба на слики на Зоран Арсовски – Бабата во Ќустендил

По успешното претставување на изложбата „Тектонски пореметувања” која брои вкупно 64 слики на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата во бугарската престолнина Софија, на барање од љубителите на уметноста поради големиот интерес и желба овој најнов опус на дела да биде виден и во помалите градови во внатрешноста на Бугарија, изложбата ќе биде отворена во градот Ќустендил на 17 јануари (петок) во 17 часот во „Изложбениот Салон на Општинскиот Театар Ќустендил” .

Пошироката публика ќе има можност да ги види и да ужива во делата на македонскиот академски современ визуелен уметник Арсовски до 20 февруари.