Самостојна изложба на Михаела Јовановска во Софија

Самостојна изложба на Михаела Јовановска насловена „Златната рипка и потомокот“ ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Ќе бидат претставени дела создадени во комбинирана техника со користење акрил, принт врз пластична фолија, плексиглас, епоси смола итн.
Михаела Јовановска е вработена во Национална галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Додипломски студии завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се изразува во различни медиуми од кои најчеста е уметничката инсталација.
Нејзини дела се изложувани на повеќе групни и на четири самостојни изложби во Македонија, како и во странство - MC Gallery во Њујорк, Прима центар во Берлин, галерија „Лауба“ во Загреб, „Миодраг Дадо Џуриќ“ во Цетиње и КИЦ во Софија.
Поставувањето на изложбата е дел од Годишната програма на КИЦ на РМ во Софија и е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
