Живот
7. November 2017 - 11:29

Самохрана мајка покажала среден прст на Трамп додека поминувал, а тогаш следела најбруталната можна казна

Самохрана мајка Јули Бриксман покажала среден прст на претседателот на САД Доналд Трамп кога тој заедно со возилата кои го придружувале  поминал покрај нејзе додека се возела со велосипед, а за тој гест "наградена" е со отказ од нејзиниот работодавец.

Нејзиниот потег го снимил официјален фотограф на Белата куќа, Брендан Смиаловски, а откако сликата се проширила на Интернет, Бриксманова ја изгубила работата.

Таа на фотографијата е свртена со грб, меѓутоа фотографијата гордо ја објавила на својот Фејсбук и Твитер профил, по што нејзиниот работодавец "Акима" кој соработува со владата на САД и дал отказ, пренесува АФП.

- Ми рекоа "сакаме да се разделиме со тебе". Во суштина ми рекоа дека не можам да имам непристојни работи на социјалните мрежи. Значи покажувањето на среден прст за нив е непристојна работа - рекла таа за Хафингтон пост.

"Тој поминуваше покрај мене и во тој момент крвта пона да ми врие. Помислив, повторно е на проклетиот терен за голф", рекла Бриксманова.

Инцидентот се случил на 28. октомври на патот кон еден од приватните терени за голф на Трамоп, а фотографот рекол дека е секогаш спремен да фоготграфира.

- Никогаш не знаете што можете да видите. Никогаш не знаете што може да се случи - рекол тој, додавајќи дека гестикулациите од минувачите се чести.