Бизарно но вистинито
1. April 2016 - 11:28

Само за храбри мажи: Би пробале ли вагинално пиво?

Љубителите на пиво имаат многу избор меѓу видовите и брендовите на денешниот пазар.

Сепак неистражни можности се уште постојат - како што е на пример пиво со вагинални бактерии.

Пивото "Bottled Instinct" се фали дека е прво пиво кое за ферментација користи бактерии од вагина, и тоа не било какви. За тие потреби своите им ги позајми чешката манекенка Александра Брендлов.

Иако звучи како шега, на овој процес е пристапено многу сериозно. Процесот вклучува земање гинеколошки примерок кој се испраќа во лабораторија каде бактериите се изолираат и множат.

Потоа тие се комбинираат со останатите вообичаени состојки за пивото како што се хмељ, јачмен, квасец и вода за да се добие посебното пиво.