Македонија
16. July 2016 - 16:24

Само македонските опозиционери и револуционери ги поддржаа пучистите во Турција

“Честитки за пучистите и барања за вакви сценарија во Македонија“- вака претставници на опозициската СДСМ и на Шарената револуција вчера ги славеа крвавите случувања во Турција.

-„Честито ајде и на наша глава. Само без пукање, молам ! Грујо покажи колку ја сакаш Македонија и ослободи го својот народ од тебе самиот !

Сепак во телефонска изјава за ТВ Сител, пратеничката Лидија Димова се повлекува од вчерашниот статус, и појаснува дека не е за крвопролевање но сепак дека единствениот преврат кој таа го подржува е против Никола Груевски

“Сакам да ни се случи Турција“ е објава од полицаец  кој за време на техничкиот министер Оливер Спасовски е унапреден  неколку нивоа погоре. Поддршка за случувањата во Турција му дава борецот за човекови права Суад Мисини.

Пратеничката Софија Куновска во својот краток статус посакува пад на Ердоган а тоа го изедначува со падот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Јани Макрадули сподели фотомонтажа од Никола Груевски кој е на местото на Ердоган.

Никола Наумовски, братучед на Радмила Шеќеринска исто така посака пресликување на состојбите во земјава.

-  “Сањам за денот кога Ж (мислејќи на Груевски)  ќе ни се обраќа преку Facetime од некоја мрачна соба“

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, со серија на статуси им дава поддршка на пучистите во Турција

-“Некогаш застанување пред тенк беше врвен гест на борба за слобода, денес се претвори во борба за слугување“

-“Нема ништо недемократско во воен удар, гледано од историскиот контекст на Турција, каде секогаш биле гаранти на секуларноста и политичка стабилност. Не е ова Латинска Америка и не се дигаат против демократски режим, туку против авторитарен режим“

-“Овие што беа со срцето за Ердоган им се тресе душичката, тоа срцата лешници. Ах, само да го бутнат, колку ќе значи и за нас.

Жанета Трајковска, директорка на Македонскиот институт за медиуми изрази жалење за пучистите што не успеале во својата намера.

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци, во својата објава на социјалните мрежи истакнува дека дека за подобро утре треба да падне крв

-Пошто во историјата нема револуција без падната крв,македонски банкротиран народе!! Имате на Си-ен-ен во живо како изгледа револуција. Видете како изгледа борбата за подобро утре.

Опозицинерот и поранешен Генерал Стојанче Ангелов преку својот профил на Фејсбук, им даде поддршка на пучистите изедначувајќи ја шарената револуција со обидот за државен удар.

Овие изјави на опозицинерите и нивните поддржувачи од Шарената револуција доаѓаат во време кога цел свет го осуди обидот за државен удар во Турција.