Свет
12. July 2016 - 11:33

Самит ЕУ-Кина во Пекинг

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск пристигнаа во кинескиот главен град Пекинг, за да учествуваат на дводневниот Самит ЕУ-Кина, што започнува денеска и на кој се очекува акцент да биде ставен на економските прашања.

Како што јави ДПА, можната надградба на статусот на кинеската пазарна економија и исто така ќе бидат тема на разговорите. 

Европската Унија размислува за промени на одредбите, со што ќе се отстранат некои пречки и ограничувања во однос на увозот од Кина во Европа. Кина пак, годинава има за цел да ги постигне стандардите на пазарна економија, што се во согласност со условите за пристапување кон Светската трговска организација од 2001 година.

Со таков статус Кина полесно би покажала дека негативното влијание на нејзиниот извоз врз светската конуренција, не се должи исклучиво на субвенционирањето.

Европскиот парламент во мај гласаше против овие реформи. Официјалните извештаи велат дека сепак има и други механизми кои му претходат на сето тоа, за да може Унијата да се заштити од евтината кинеска стока.

Брисел го обвинува Пекинг за узурпација на пазарот со евтин челик, со што, пред се го загрозува европскиот извоз и работните места. Европските индустријалци пак, сметаат дека кинеската политика на дампинг поќнува да се шири и во други сектори.

ЕУ е најголем трговски партнер на Кина, а Кина пак е вториот најголем партнер на Унијата, веднаш по САД.