Кошарка
14. May 2021 - 10:32

Сакраменто го пропушти плејофот 15. пат по ред, ова е повторување на најлошата низа во историјата на НБА

Сакраменто ноќеска загуби од Мемфис со 116:110 и ги загубите теоретските шанси за пласман во плејофот од НБА-лигата. Кралевите нема да учествуваат во разигрувањето за трофејот 15-ти пат по ред.

Ова е повторување на најлошата серија во историјата на НБА, која Брејвс/Клиперси ја имаа од 1977 до 1991 година.

Серијата на Сакраменто започна во 2007 година.