Фудбал
8. January 2020 - 8:29

Садио Мане прогласен за бр. 1 во Африка за 2019 година

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане е избран за играч бр.1 на Африка во 2019 година. Ова е прва награда за него како најдобар на континентот.

Во изминатите две години, наградата му припадна на соиграчот на Мане во Ливерпул, Мохамед Салах, а освојувачот на наградата за 2019 година двапати го освојуваше второто место во престижната конкуренција.

Оваа сезона, Мане има 19 натпревари во Премиер лигата со 11 голови и 8 асистенции.