Свет
12. August 2022 - 12:43

САД со нови насоки за Ковид-19

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги олесни мерките за Ковид-19, укинувајќи ја препораката за граѓаните на САД да се изолираат доколку дојдат во близок контакт со заразено лице.

Американската здравствена агенција објави и дека држењето растојание од најмалку два метри од другите повеќе не е задолжително. ЦДЦ објасни дека промените се поради фактот што повеќе од 2,5 години од почетокот на пандемијата, речиси целото американско население стекнало одредено ниво на имунитет.

Одредени мерки се задржани, а исто така се поттикнува и тестирање на лица со симптоми и нивни блиски контакти. Додека лицата кои ќе имаат позитивен тест треба да останат дома најмалку пет дена и да носат маска вкупно 10 дена кога ќе бидат во контакт со други луѓе.