Свет
19. May 2017 - 9:13

САД наложи санкции за осум членови на Врховниот суд на Венецуела

САД синоќа наложи санкции на осум членови на Врховниот суд на Венецуела, вклучително и неговиот претседател, обвинети за заострување на политичката криза во земјата преку ослабнување на власта во Парламентот. 

Санкциите вклучуваат и замрзнување на нивните средства во САД и забрана на бизнис контакти со американски државјани. 

Новиот пакет санкции цели кон зајакнување на притисокот врз приврзаниците на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, во одглас на зголемената загриженост на Вашингтон од се побројните улични протести во земјата. 

- Венецуелскиот народ страда од распадот на економијата како резултат на лошото управување на Владата и корупцијата. Членовите на Врховниот суд на Венецуела ја влошуваат ситуацијата, бидејќи постојано се мешаат во работата на законодавната власт, што е контролирана од опозицијата, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.