Македонија
25. August 2017 - 10:20

САД и НАТО ќе ја прошират обуката на авганистанските сили

САД и НАТО ќе ја прошират обуката на авганистанските безбедносни сили кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ на Алијансата, изјави командантот на војските на САД и НАТО во Авганистан, генерал Џон Николсон.

- Поголем број советници од САД и НАТО значи зајакнување на обуката во воените училишта, истакна Николсон на прес-конференција во Кабул.

Тој исто така спомена за зголемување на воено воздухопловните сили на Авганистан и на успешните специјални сили, чија бројност се претпоставува дека ќе биде двојно поголема и ќе достигне 30.000 лица до 2020 година.

Изјавата на Николсон доаѓа неколку дена откако американскиот претседателот Доналд Трамп ја претстави новата стратегија за војната во Авганистан.