Loading Video...
Кошарка
30. September 2018 - 15:40

САД и Австралија во борба за златото на женското Светско првенство

 
 
САД и Австралија ќе играат во финалето на Светското женско кошаркарско првенство што се одржува во Шпанија.
 
Актуелните шампионки и топ фаворитки за златото во полуфиналето ја победија селекцијата на Белгија со 93-77, додека во второто полуфинале кое резултатски беше понеизвесно Австралијките благодарение на одличната игра во последниот период, кој го добија со 22-8, ја совладаа домашната селекција на Шпанија со 72-66. 
 
Така вечерва од 21 часот, САД и Австралија ќе се борат за златото, а во дуелот за бронзата ќе играат Шпанија и Белгија.