Loading Video...
Ракомет
2. October 2018 - 18:56

Рутинска победа на Вардар над Војводина

 
Актуелниот шампион во ова натпреварување Вардар пред својата публика во „Јане Сандански“ го совлада српскиот првак Војводина со 33:26 полувреме 17:15 во меч од 5.коло.
 
Во ниту еден момент победата на Вардар не беше доведена во прашање иако тренерот Парондо неможеше да смета на неколку повредени стандардни првотимци, па повеќе шанса им даде на оние кои помалку играа во мечевите од Лигата на шампионите. 
 
До петата победа во исто толку одиграни натпревари, Вардар го предводеа Кисељев со 9 и Скубе со 4 гола, и тоа со 100% реализација.
Прв пат на голот на вардарци застана и новото засилување Калифа Гедбан кој имаше 9 одбрани.  
 
Од друга страна, Металург го очекува тешкото гостување кај ППД Загреб против кој тимот од Автокоманда ќе се обиде да ја оствари првата победа сезонава. 
 
Мечот во Загреб, ќе започне во терминот од 20:45 часот.