Русковска ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители
Обвинителката Вилма Русковска денеска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители.
Русковска за МИА потврди дека денеска напладне ќе поднесе жалба на решението за нејзина суспензија, по што ќе даде изјава за медиуми.
Обвинителката Русковска има два предмети кои се во пред истрага – едниот за Финансиска полиција и тој за станицата за технички преглед каде бил регистриран автобусот кој што изгоре во Бугарија.
Токму за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција, директорот Арафат Муареми на 8 август годинава поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување.
Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа.
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа вчера од ЈОРСМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.
Ново на Сител
-
Две спортски сали во Прилеп со години зјаат празни - Спортистите тренираат во несоодветни училишни спортски сали
-
Струга нема решение за бездомните кучиња - Во меѓувреме продолжуваат напади од кучињата и масовни труења
-
Изработена прва пенална програма за ресоцијализација на осудени лица
-
Иран тврди дека со дронови е нападната воена фабрика во Исфахан
-
Данска и Франција во борба за шампионскиот трофеј
-
Тема на денот со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски
-
ТФТ со победа над Осиек го заврши својот настап во АБА2 лигата
-
Сабаленка го освои Австралија опен