-->
-->
Руските сили го зазедоа Северодоњецк, а во Лисичанск се водат улични борби
-->
Градоначалникот на Северодоњецк, Олександар Стрјук изјави дека градот од денеска е под целосна контрола на руската армија.
Изминатите неколку недели се водеа тешки борби помеѓу украинската и руската војска за Северодоњецк. Украинските сили вчера добија наредба да се повлечат од Северодоњецк, поради подобра одбрана на соседниот град Лисичанск.
Но, руските сили и сепаратистите денеска влегоа во Лисичанск и во градот се водат улични борби.
Заземањето на Северодонецк и Лисичанск ќе им го отвори патот на Москва и на сепаратистите кон градовите Славјанск и Краматорск. Руските сили сакаа т да го заземат целиот индустриски басен на Донбас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност