Живот
31. January 2016 - 21:38

Руски теренец на 8 тркала за кој нема препреки!

Ако ви затреба возило за возење по тешки и екстремни терени, потребно ви е вистинско off-road возило, односно теренец. Токму тоа е „Avtoros Shaman 8×8“, чудовишно возило дизајнирано за најлошите руски терени.

Го движи 3-литарски турбо дизел мотор кој произведува 146 коњски сили. Во ова возило возачот не се наоѓа ниту на десната ниту на левата страна, туку е позициониран во средината, што дава уште подобра контрола при возењето.

Цената на ова неверојатно возило е 110.000 долари.

Погледнете како изгледа ова возило во акција: