Руска салата на менито на Самитот во Мадрид
Додека го чекаа доаѓањето на американскиот претседател Џо Бајден и другите светски лидери во Мадрид вчера, официјалните лица и новинарите имаа можност да пробаат и руска салата во ресторанот задолжен за овогодишниот Самит на НАТО… Многумина беа изненадени и прилично збунети од понудата.
– Руска салата на Самитот на НАТО? Малку сум изненаден од ваквиот избор на јадење!, изјави новинарот Инаки Лопез за шпански „Ла секста“.
Мешавината од грашок, компири, моркови и мајонез била специјалитет на денот на шпанскиот ресторан близу барокната палата „Санта Круз“ во центарот на Мадрид, во пресрет на собирот на кој се очекува Русија да биде обележана како безбедносна закана во новиот стратешки концепт на Северноатлантската договорна алијанса, поради инвазијата врз Украина.
Но, и покрај сѐ, руската салата наводно била распродадена за неколку часа.
Сепак, „фората“ е во тоа што Хозе Андрес, познатиот шпански готвач кој е задолжен за менито, го преименуваше јадењето во – „украинска салата“, како и во неговите други ресторани ширум Шпанија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација