Русите во налет, Рублев го елиминира Федерер
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е сензационално елиминиран од мастерсот во Синсинати. Изненадувањето го направи рускиот тенисер Андреј Рубљев, и тоа со елиминација на големиот фаворит за само 62 минути.
За споредба, Швајцарецот толку брзо нема загубено на еден турнир уште од далечната 2003 кога во првото коло во Сиднеј загуби од Франко Скилари за само 54 минути игра.
Рубљев го совлада Федерер со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.
„Ова ми е најголемата победа во кариерата, навистина не можам да верувам, ова е нешто неверојатно, до скоро ова го гледав на ТВ и си замислував, а сега“ – изјави Рубљев, кој е 70. на АТП-листата, за разлика од Федерер, кој е на третата позиција на светската тениска листа.
Швајцарецот ги образложи причините за поразот.
„Се мачев со сервисот, имав проблеми, не ги чувствував топчињата. Тој, од друга страна, играше сјајно, чисто и во одбрана и во напад, сервираше одлично. Одлично се движеше и навистина сум импресиониран од неговиот меч“ – рече Федерер.
Рубљев во борбата за полуфинале ќе се судри со сонародникот Данил Медведев.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“